Османи: Ќе вложам напори во среда да бидам во Скопје за да се обратам пред Комисијата

Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во Скопје за да се обратам пред пратениците и членовите на Комисијата за надворешна политика во Собранието.

Ова го истакна министерот за надворешни работи, Бујар Османи, откако претходно денеска претседателот на Комисијата за надворешна политика, Антонијо Милошоски, соопшти дека ќе закаже седница, со цел, Османи да ги претстави предлог Акцискиот план и предлог-патоказот кој Заев и Бучковски го преговараат со Софија.

Османи додаде и дека очекувам најмалку со иста ревносност, Милошоски да ја закаже и седницата на која ќе ги претстават тезите и избраните амбасадори, со што ќе се отвори патот за нивно упатување во земјите на покривање.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.