Пристигна нова пратка од 12.870 вакцини на „Фајзер“, потврди Министерството за здравство

Министерството за здравство информира дека вчера пристигна нова пратка од вкупно 12.870 дози вакцини на „Фајзер“ во државата.

Станува збор за редовната пратка која ја добиваме секој понеделник од кои 8.190 дози се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а 4680 во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe), велат од здравство.

Во текот на денешниот ден се очекува да пристигнат 20.000 вакцини на „Астра зенека“.

Оваа донација, велат од ресорното министерство е многу значајна за нас.

Од таму упатуваат благодарност до грчкиот народ и до амбасадорот на Република Грција во нашата земја, Русос Кундурос.

Пристигнувањето на новите дози на вакцини се одвива навремено и согласно ова имунизацијата има одличен тек, потенцираат здравствените власти.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.