Во ковид центрите во Македонија се лекуваат 96 пациенти, во Скопје 30

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 96 и има околу 460 празни болнички кревети во ковид центрите, информираат од Министерството за здравство.

Оттаму потсетуваат дека поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 66 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во Скопје има хоспитализирано еден нов пациент, а се лекуваат 30 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19.

„ Во болницата во Битола се хоспитализирани 3 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид 19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 6 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 2 пациенти, во Велес се лекуваат 2 болни, а во Куманово 15 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 8 пациенти, во Прилеп 5, во ковид центарот во Гостивар 8, а во Струга 3 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 13 пациенти, во Кичево 1 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот“ се наведува во извештајот.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Министерството за здравство има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.