Отворен јавниот повик на СДСМ за самокандидирање за градоначалници
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 16 Јуни 2021
Од денеска е отворен и јавен повик за самокандидарање на кандидати за градоначалници на општините и Град Скопје за претстојните локални избори, изјави Мартин Попов, организационен секретар на СДСМ.
Повикот со сите детали е достапен на веб - страната на СДСМ, а од утре ќе биде објавен и оглас во печатените медиуми на македонски и албански јазик.
„Отворени сме за сите кои имаат желба да се вградат во напредокот, да придонесат, да бидат дел од најдоброто. Со висок углед и кредибилитет во локалната заедница и регионот на живеење, кои имаат поддршка од сите етнички заедници, кои ги почитуваат принципите и вредностите едно општество за сите граѓани и во целост ги почитуваат начелата и принципите на кои се темели СДСМ“, рече Попов.
Како што кажа, дел од новитетите е што од секој кандидат треба да достави и детална програма со предлог идеи и проекти за развој на општината или град Скопје за периодот 2021-2025 година, и изјава за прифаќање и почитување на Етичкиот кодекс на СДСМ.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс