Жешки денови се најавуваат и за следната неделa

Времето денеска ќе биде сончево и топло со малку пониска температура и со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 39 Целзиусови степени.

 

 

Во Скопје сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде 17, а максималната ќе достигне 36 степени.

Денеска и во понеделник температурата ќе е пониска за некој степен, во споредба со претходните жешки денови. Од вторник температурата повторно ќе биде во пораст и ќе биде многу топло.

Ќе продолжи да дува слаб до умерен претежно северозападен ветер. Од средината на неделата ќе има услови за краткотрајна попладневна изолирана нестабилно





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.