Регистрирани 15 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.550 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на Ковид-19, од кои 10 се во Скопје, по два во Куманово и Дебар и еден во Тетово.

Исто така, регистрирани сe 6 оздравени пациенти, петмина од Скопје и еден од Тетово.

Во изминатите 24 часа не се регистрирани починати лица.

Направените 2.550 теста се преку: ИЈЗ - 120, ЦЈЗ Скопје - 34, ЦЈЗ Битола - 40, ЦЈЗ Прилеп - 16, ЦЈЗ Тетово - 5, ЦЈЗ Куманово - 24, ГОБ „8 Септември“ - 8, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) - 62, „Авицена“ - 147, „Биотек“ - 95, „Систина“ - 66, „Синлаб“ - 145, „Ремедика“ - 5, „Плодност“ - 23, „Генеа“ - 3, „Никоб лаб“ - 465, „ВФВ медикал“ - 11, „Ели медика“ - 1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) –-вкупно 1.280.

Досега во земјата се направени вкупно 935.282 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 155.965, бројката на оздравени пациенти е 150.243, на починати е 5.488, а бројот на активни случаи изнесува 234.

Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68.777, Активни 92

Куманово 8.895, Активни 17

Прилеп 8.328, Активни 1

Тетово 7.344, Активни 74

Битола 6.310, Активни 2

Велес 5.474, Активни 0

Гостивар 5.199, Активни 16

Кавадарци 5.156, Активни 1

Охрид 5.023, Активни 4

Штип 4.963, Активни 3

Струмица 4.126, Активни 3

Струга 2.985, Активни 4

Кочани 2.794, Активни 2

Кичево 2.604, Активни 7

Гевгелија 2.196, Активни 1

Неготино 2.184, Активни 0

Свети Николе 1.525, Активни 1

Ресен 1.234, Активни 0

Крива Паланка 1.227, Активни 0

Радовиш 1.161, Активни 0

Берово 1.032, Активни 1

Делчево 973, Активни 0

Дебар 947, Активни 5

Виница 886, Активни 0

Пробиштип 789, Активни 0

Валандово 667, Активни 0

Богданци 494, Активни 0

Крушево 490, Активни 0

Демир Хисар 400, Активни 0

Демир Капија 396, Активни 0

Кратово 377, Активни 0

Македонски Брод 359, Активни 0

Пехчево 269, Активни 0

Македонска Каменица 249, Активни 0

Дојран 132, Активни 0





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.