Ангелов: Пет хеликоптери го гаснат пожарот кај Пехчево, ако дозволат условите ќе емитувам во живо

Пет хеликоптери, три српски и два македонски полетаа од скопскиот аеродром кон пехчевскиот регион, соопшти утрово директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Тој на социјалните мрежи објави дека вкупно пет хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот пожар во овој регион.

По извршеното извидување од страна на посадата на нашиот армиски хеликоптер, во овој момент полетуваат трите српски и уште еден наш хеликоптер. Вкупно 5 хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот пожар.

— Stojanche Angelov (@StojanceAngelov) August 5, 2021

„По извршеното извидување од страна на посадата на нашиот армиски хеликоптер, во овој момент полетуваат трите српски и уште еден наш хеликоптер. Вкупно пет хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот пожар. Се наоѓам во еден од хеликоптерите, за околу половина час, доколку мрежата е добра, ќе се обидам да се вклучам на ФБ во живо за да ви овозможам да погледнете како изгледа местото на пожарот и процесот на гаснење од воздух“, напиша Ангелов.

Се наоѓам во еден од хеликоптерите, за околу половина час, доколку мрежата е добра, ќе се обидам да се вклучам на ФБ во живо за да ви овозможам да погледнете како изгледа местото на пожарот како и процесот на гаснење од воздух.

— Stojanche Angelov (@StojanceAngelov) August 5, 2021

Сепак, директорот на ЦУК во меѓувреме објави и дека поради безбедносни причини и протоколи нема да може да се вклучи во живо, но соопшти дека хеликоптерите започнале со гаснење.

Поради безбедносни причини и протоколи нема да се вклучам во живо.

Петте хеликоптери почнаа со гаснење.

— Stojanche Angelov (@StojanceAngelov) August 5, 2021

Пожарот кој се разгоре во околината на Пехчево се уште ги става во опасност мештаните од селата Умлена и Робово кои се најзагрозени од огнената стихија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.