Утре сончево и многу топло со температури до 41 степен

Утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, поради што ќе биде активирана жолта, а во југоисточниот дел од земјата портокалова фаза за опасност од високи температури. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната од 34 до 41 степен. УВ=9.

Во Скопје, ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде 18, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Според најавите од УХМР, во вторник ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност и со натпросечни температури за овој период од годината. Максималните температури во југоисточните подрачја повторно ќе надминат 40 степени.

Во среда ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, а услови за локален дожд ќе има и во четврток, кога температурите ќе опаднат за неколку степени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.