Заврши големата меѓународна вежба во организација на НАТО и Центарот за управување со кризи

Денеска попладне (23.4.2021) заврши големата меѓународна вежба „Северна Македонија 2021“, во организација на НАТО ЕАДРЦЦ - Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) и Центарот за управување со кризи (ЦУК) од областа на кризниот менаџмент.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, заедно со директорите на вежбата од страна на НАТО и од змјата домаќин, Вим Ванхеим и Урим Вејсели, одржа кратки поздравни говори и ги доделија сертификатите на земјите учеснички.

Станува збор за вежбовна активност од големи размери, настан што инволвира повеќе од 700 учесници од земјава и странство, во која, покрај Република Северна Македонија, учествуваат 27 земји (вкупно 28) и 17 невладини организации од истите земји.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.