Арсовска: Ароганцијата не му дозволува на Шилегов да погледне подалеку

Проектите што се дел од мојата програма нудат брзи, сигурни, професионални решенија за проблемите со кои се соочуваат сите скопјани. И тоа ни е потребно веднаш, не за 10 или 20 години, вели кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска, откога опонентот Петре Шилегов денеска посочи дека нејзините идеи за градскиот превоз служат за потсмев на социјалните мрежи.

„Мрзливоста и ароганцијата не му дозволуваат на Петре Шилегов да погледне пошироко од својата политичка матрица и политичка кариера. Четири години имавме градоначалник од кој не видовме ниту еден реализиран проект, освен обиди за нешто во последните неколку месеци. Изгубени во сопствената мрзливост, незнаење и фалбаџиство“, вели Арсовска.

Според неа, на Скопје му треба менаџер, а не политичар.

„На градот му требаат брзи и сигурни решенија. На Скопје му треба некој што секојдневно се соочува со пробелмите и кој заедно со скопјани ќе најде решение за нив“, порача Арсовска, која трди дека проектот за бесплатен јавен превоз нема да значи загуби за ЈСП.

„Вакви проекти има во многу градови во Франција, Естонија, Луксембург. Скопјани заслужуваат модерен, брз и сигурен град, со добро менаџирање на средствата ќе имаме ефикасни решенија“, истакнува таа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.