
Утре облачно и студено со врнежи од дожд, на планините снег
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 13 Октомври 2021

Утре се очекува облачно и студено време со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 20 л/м2) проследени со засилен северен ветер. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 см.
Врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, поинтензивни околу пладне и попладне, проследени со засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 7 степени.
Во следните денови , според најавите од УХМР, ќе преовладува променливо облачно време со локална појава на краткотраен дожд, а дневните температури ќе бидат во пораст.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
