СДСМ: Данела Арсовска унгарски конзул со бугарско државјанство, се крие зад соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ

„Јавноста вчера сведочеше на откривање на уште една чувана и криена тајна на кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска.

Јавно објавен документ, односно „Удостоверение“ од бугарско министерство за правда, потврдува дека вицепретседателот на Бугарија со Указ од 2011 на Арсовска и дал бугарско државјанство.

Цели десет години Данела Арсовска има резервна татковина.

Наместо да излезе пред граѓаните и да објасни, Арсовска одлучи да се крие зад празните соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е класично потценување и навреда на скопјани од страна на Арсовска кадарот на Груевски и конзул на Унгарија.

Во Скопје не минуваат странски инсталации кои работат на штета на државните интереси и интересите на граѓаните.

Во недела граѓаните силно ќе го поразат овој обид за нивно потценување, ќе ги поразат Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ и ќе се обединат за да продолжи развојот на Скопје со Петре Шилегов“.

Соопштение на СДСМ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.