Заев утре ќе ја поднесе оставката од лидерската позиција во СДСМ

Претседателот на Владата и лидер на СДСМ Зоран Заев утре, петок, ќе поднесе оставка од лидерската функција во партијата.

Несреќата на автопатот Струма ги одложи првичните планови за средба на највисоките партиски тела која требаше да се случи во вторникот.

 

 

Според статутот на партијата, најдоцна 15 дена по утврдувањето на оставката, Извршниот комитет ја носи одлуката за распишување на внатрепартиски избори.

Како што најави Заев, новиот претседател на СДСМ ќе биде и иден мандатар. Според неофицијални информации, еден од можните претенденти за оваа функција е Димитар Ковачевски, актуелен заменик министер за финансии.

Утре и раководството на партијата на Африм Гаши Алтернатива ќе се состане за да одлучи дали ќе го прифати предлогот на Заев. Гаши претходно изјави дека Алтернатива разговара за двете опции - останување во опозиција или приклучување кон владејачкото мнозинство.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.