Повредените од несреќата од интензивна нега префрлени на Клиниката за изгореници, едно лице ќе биде оперирано

Повредените од сообраќајната несреќа на автопатот „Струма“, кои се сместени во болницата „Пирогов“, се во стабилна општа состојба. Нема опасност за нивните животи, информираат од здравствената установа.

Вчера биле оперирани две лица, кои исто така се во добра општа состојба, пренесоа бугарските медиуми.

 

 

Повредените што биле на интензивна нега се пренесени на Клиниката за изгореници и пластична хирургија. Една од жртвите денеска треба да биде оперирана.

Со оглед на шокот од она што се случи и тешките психо-трауми на настраданите, болницата укажала специјализирана психолошка поддршка. Сѐ уште нема јасна прогноза кога пацинетите би можеле да се вратат дома, појаснуваат од болницата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.