ВМРО-ДПМНЕ: Кого штити владата за автобуската несреќа?

„Дали бизнисот со хероин кој го крие власта е причина за несреќата и 45 загинати патници во Бугарија?

Никој во државата не одговара за сомнежите дека автобусот кој изгоре во Бугарија при што животот го загубија 45 наши сограѓани превезувал високозапаливи течности - киселини, кои се користат за производство на хероин.

Дали тие киселини се причината поради која според очевидци на настанот силно горел автобусот, но и банкините на патот?

Зошто автобусот 140 пати поминувал граница без дозвола? Кој дозволувал 140 пати да се поминат сите контроли?

Зошто и по неколку дена од несреќата нема одговорност, ниту одговори од владата и институциите во земјава?

Кој во врвот на власта го штити Беса транс? Оставки веднаш!“

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.