Имаме напредок, рече Гаши по средбата со Заев
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 02 Декември 2021
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на Алтернативата, Африм Гаши, по четири часа средба, заедно го напуштија Клубот на пратениците. Тие не сакаа да коментираат каде се закочени преговорите за проширување на парламентарното мнозинство и дали ќе има нова средба. Заев му отстапи на Гаши да каже, како што рече, една реченица.
„Можеме да ви кажеме дека имаме напредок, следуваат консултации од нашите партии. Ќе има известување од партиите, од Владата“, рече Гаши.
Детали за средбата најавија дека ќе испратат од Владата. На денешната средба требаше да се разгледуваат кадровските решенија и распределбата на ресорите. Веќе се шпекулира дека Алтернативата бара две министерски и две вицепремиерски места. За директорските нема информации. Неофицијално, Гаши сака негов кадар да раководи и со Министерството за здравство.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс