(Видео) Ковачки: Надлежните молчат за шверцот на еден тон дрога преку скопскиот аеродром

Пред точно eден месец медиумите објавија вест дека во полициска акција е спречен шверц на психотропни супстанции, кои влегле во Македонија преку скопскиот аеродром, посочи во денешната изјава Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што рече тој, се работи за шверц на еден тон дрога, која била внесена во Македонија преку македонска компанија, која се занимава со телефонска галантерија.

 

„Овој нов скандал, кој е поврзан со Министерството за внатрешни работи и Царината, ја дава целосната слика зошто Република Македонија е на 111. место на скалата на индексот за корупција на 'Транспаренси интернешнл'“, истакна Ковачки, притоа јавно поставувајќи неколку прашања поврзани со овој настан:

„Прво, дали на 5 ноември на скопскиот аеродром во делот на стоково царинење пристигнала пратка, на чиј товарен лист и декларација било забележано дека станува збор за телефонска галантерија, а во таа пратка имало друга стока?

Второ,, дали оваа сомнителна пратка била прегледана од надлежните царински работници на аеродромот во делот за стоково царинење и доколку не била прегледана, со какво образложение не била?

Трето, дали можеби претпоставените на царинските службеници им дале усна или писмена наредба за да не постапат?

Четврто, дали царинските службеници, кои биле одговорни за контролата на сомнителната пратка, на барање на полициските службеници на 5 ноември годинава дале изјави со кои потврдиле дека царинската контрола на пратката од Дубаи не е извршена врз основа на наредба на претпоставениот царински службеник, а три дена подоцна под силен притисок оваа изјава целосно ја промениле?“, се прашањата што ги постави претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, а за кои, како што рече, јавноста очекува одговори.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.