Костадиновска-Стојчевска: КИЦ Софија е квалитетно поглавје во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, како дел од владината делегација која е во официјална посета на Република Бугарија, денеска го посети Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија. На средбата со директорот Сашко Насев разговараа за динамиката и идните активности на овој прв македонски културен центар, кој има големо значење во промоцијата и афирмацијата на македонската култура во бугарската престолнина.

Костадиновска-Стојчевска истакна дека Културно-информативниот центар е пример за квалитетно поглавје во односите меѓу Северна Македонија и Република Бугарија и е место за културна размена, едукација, но и место каде што се создаваат вредни пријателства. На средбата во КИЦ присуствуваа истакнати автори, режисери, актери и млади уметници кои континуирано остваруваат соработка со македонскиот културен центар, на кои министерката Костадиновска-Стојчевска им се заблагодари за поддршка во промовирањето на настаните кои се организираат во овој културен простор.

 

 

„Денешната посета на Софија е во насока на продлабочување на соработката и да покажеме дека можеме заедно да работиме на големи проекти во културата“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска и додаде дека за таа цел ќе биде договорен и календар на културни активности кои ќе бидат рамката за реализација на нашата заемна понатамошна соработка.

Министерката Костадиновска-Стојчевска упати благодарност до директорот на Културно-информативниот центар, Сашко Насев, за неговата посветеност и придонес кон продлабочувањето на културните врски меѓу двете земји. Минатата година, и покрај пандемијата, во Софија се реализираа настани и активности преку кои беа претставени бројни македонски уметници од сите генерации.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.