(Видео) Каевски: Потпишаните договори со Бугарија носат придобивки за граѓаните на двете земји

Новите влади на Република Северна Македонија и Република Бугарија отвораат ново поглавје во односи меѓу двете соседни земји. Вчера се одржа успешна меѓувладина седница на која беа формирани петте работни групи и се потпишаа важни меѓудржавни договори и меморандуми за проекти кои се од интерес на граѓаните од двете држави, изјави на денешната прес-конференција Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

Тој додаде дека двете влади и надлежните министерства ќе соработуваат во областа на инфраструктурата, земјоделството, аграрни науки, развој на малите и средни претпријатија, либерализација на превозот на стоки, намалување на цената на роамингот.

 

 

Посебен фокус ќе се стави на железничкото поврзување на двете држави, како и инвестиции во важни патни делници од Коридорот 8 што оваа година ќе биде приоритет за Владата предводена од СДСМ.

Со силен интензитет на соработка и брза реализација на договорите, очекувано е веќе во следните шест месеци да се постигнат значајни резултати во сите области.

Сето ова е еден значаен исчекор во унапредување на односите меѓу двете земји, исчекор кој води кон придобивки за двата народа, истакна Каевски.

Зајакнување на соработката на Северна Македонија и Бугарија преку економски, културни, образовни и младински размени, инфраструктура која поврзува, мобилност, дигитализација, брз проток на информации, е она на кое Владата предводена од СДСМ ќе се посвети во следниот период.

Од СДСМ очекуваат дека низ ваков отворен пристап, низ дијалог и соработка не само што ќе ја продлабочиме соработката, туку ќе најдеме заедничко прифатливо решение за отворените прашања.

СДСМ преку Владата што ја предводи останува посветена на обезбедување на европската иднина и засилена соработка со сите наши соседни земји, изјави Каевски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.