(Видео) Лазаревска: ВМРО-ДПМНЕ против поголеми плати на 4.700 наставници и нивно трајно вработување

Цела година ВМРО-ДПМНЕ го блокира законското решение за трансформација на работниот однос на 4.700 наставници во образованието од определено на неопределено работно време. Го блкокира и покачувањето на нивните плати, преку усогласување според минималната плата, изјави пратеничката на СДСМ, Жаклина Лазаревска.

Таа истакна дека десктруктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ е на директна штета на наставниците, стручните соработници и работниците.

 

„Трансформацијата на работниот однос освен што ќе обезбеди трајно вработување, ќе обезбеди и повисоки плати, како на овие 4.700 наставници и стручни соработници, така и на сите наставници и стручни соработници. МОН и репрезентативниот синдикат склучуваат спогодба, со која се утврдува износoт на вредностa на бодот за пресметување на платите на наставниците и стручните соработници.

Вредноста на бодот за пресметување на платите на наставници и стручни соработници се усогласува со процентот на пораст на минималната плата, со зголемување на минималната плата, се зголемува и платата на наставниците и стручните соработници“, рече Лазаревска.

Таа ѝ порача на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да престане со, како што рече, неодговорното постапување и да се откаже од блокадите на ова, но и на другите законски решенија кои носат придобивки за граѓаните.

„СДСМ и ова мнозинство ја зголеми минималната плата од 8.800 денари во време на ВМРО - ДПМНЕ на 18.000 денари. СДСМ се грижи за работниците. Ние како парламентарно мнозинство ќе сториме сè блокадите да бидат надминати и измените на важните закони да бидат донесени. Остануваме посветени на мерки и решенија кои го подобруваат економскиот стандард и носат придобивка за сите граѓани“, додаде Лазаревска.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.