ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски преговара со Бугарија за Гоце Делчев затоа не ја прифаќа Декларацијата

СДСМ со денови молчи и не одговара што и смета и што е спорно во предложената Декларација која го афирмира ликот и делото на Гоце Делчев, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ Никој освен власта на пиунот Ковачевски не гледа спорно во тоа соодветно и достоинствено државата и институциите да го одбележат јубилејот 150 години од раѓањето на Гоце Делчев.

 

 

Што има лошо во тоа медиумите со соодветна содржина да се приклучат кон одбележувањето, во тоа да се издаде поштенска марка, или да има дополнителна наставна содржина во училиштата за неговото дело? Што има лошо во тоа научните институции да го афирмираат значењето на Гоце Делчев во револуционерната борба за државност на Македонија?

Никој, ама баш никој не гледа ништо спорно освен власта, која само одби и не кажува аргументи против. Нивниот молк гласно говори.

Ова, според ВМРО-ДПМНЕ, отвора сомнеж дека власта на СДСМ и ДУИ предводена од Ковачевски се влезени наголемо во нов пазар со македонските национални интереси. Евентуалниот пазар со револуционерното дело на најголемиот македонски син Гоце Делчев и распродажбата на македонската историја се удар и врз идентитетот и врз темелите на Македонија како држава, предупредуваат од оваа партија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.