(Видео) Талевски: СДСМ ја покачи минималната плата на 18.000 денари - лекција за ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот на СДСМ Миле Талевски од собраниската говорница истакна дека и во услови на пандемија Владата не ги запре капиталните инвестиции во патната инфраструктура и обезбеди раст на платите.

Во време на светска економска и здравствена криза, обезбедивме раст на платите тоа е лекција по економски патриотизам за ВМРО-ДПМНЕ, истакна Талевски, додавајќи дека 80.000 работници од 1 први април ќе земат мартовска плата од најмалку 18.000 денари, што е во просек 45 евра повеќе евра за секој.

 

Талевски нагласи дека ова е двојно покачување во однос на 2016 година година и го повика ВМРО-ДПМНЕ да одговори зошто упорно ја држеше плата на 8.900 денари и не сакаше да слушне за покачување.

Го слушаме Трајко Славески дека ќе имало штрајкови низ целата земја, ако се покачеле платите, замислете граѓаните ќе штрајкуваат против зголемена плата, кој апсурд, но ако мислел на партиски протести тоа не е за изненадување, само партија како ВМРО-ДПМНЕ може да протестира за зголемување на платите, рече Талески.

Тој рече дека за покачувањето на минималната плата се обезбедени субвенции за околу 130.000 граѓани кои ќе земаат повисоки плати во своите фирми преку покривање на придонесите и нагласи дека нашата држава предничи со уделот на висината на минималната плата во просечната плата.

Сето ова ги потврдува заложбите против сиромаштијата и поддршка за животниот стандард на граѓаните, и во исклучително тешка година, Владата останува посветена на финансиската поддршка на граѓаните, порача пратеникот на СДСМ Миле Талевски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.