(Видео) СДСМ: И во време на криза ја зголемуваме минималната плата

И во време на криза СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи останува посветена на заштита и унапредување на животниот стандард на сите граѓани, посочи на денешната прес-конференција, Белкиса Зеќири, пратеничка на СДСМ.

„Веќе од април, 80.000 работници ќе добијат минимална плата од најмалку 18.000 денари или речиси 3.000 денари повеќе од она што како минимална плата го добиваа досега.

 

Покрај растот на минималната плата, посветени сме и на раст на сите плати во државата. 130.000 граѓани земаат повисоки плати за своите работни места, преку субвенционирање на придонесите, за што се обезбедени 48 милиони евра за оваа година.

Во исклучително економски тешка година предизвикана од европските кризи со енергетиката и растот на цените, остануваме посветени на финансиска поддршка на граѓаните“, посочи Зеќири.

Како што рече таа, Владата го штити стандардот на граѓаните од нови ценовни шокови.

„Околу 7.500 семејства со ниски примања добиваат субвенции за сметките за електрична енергија помеѓу 600 и 800 денари месечно.

Цените на основните продукти, како лебот, брашното, маслото за готвење, млекото и месото остануваат замрзнати до крајот на месецов“, истакна претставничката на СДСМ додавајќи дека сите овие се конкретни мерки кои имаат за цел да го заштитат и унапредат животниот стандард на граѓаните.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.