Викендов променливо облачно и студено со сончево периоди

Времето викендов ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Во источните подрачја ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -4, а максималната ќе достигне од -2 до 7 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и студено. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 5 степени.

И во недела ќе се задржи променливо облачно и студено време со сончеви периоди и температури под просекот за овој период од годината. Постепен пораст на температурите ќе има од понеделник и во деновите потоа, кога ќе преовладува сончево време со појава на мала до умерена локална облачност.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.