Полициските униформи ќе имаат двојазични ознаки

На денешната седница Владата ја донесе Уредбата за униформата и ознаките на униформата на полицијата.

Како што информираат од владината прес-служба, оваа уредба е донесена врз основа на Законот за употреба на јазиците.

„Според член 8 став (3) е утврдено дека униформите на полицијата во Скопје и во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, се напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните во Република Северна Македонија и неговото писмо“, се наведува во соопштението.

Во него се додава дека оваа уредба влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во Службен весник, а ќе отпочне да се применува во текот на една година од денот на влегувањето во сила.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.