(Видео) Стоилковски: Македонија не смее да е заложник на примитивизмот на Џафери

Ниту една институција во државата не смее да го премолчи примитивизмот на Талат Џафери во македонското Собрание! Примитивизмот на Џафери е насилство врз вработени, злоупотреба на позиција, кршење на човековите права, примитивизмот на Џафери е спротивен на сите документи за заштита на човековото достоинство. Џафери најбрутално го згази достоинството на позицијата собраниски спикер и воопшто позицијата пратеник во македонското Собрание, изјави на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Единствен следен чекор во било кое демократско општество би било неотповиклива оставка на Џафери и повлекување од пратеничката функција од македонското Собрание! Се друго е ново тонење во катастрофа!

Стоилковски додаде дека Димитар Ковачевски со изјавата за примитивизмот на Џафери уште еднаш потврди дека е пион на крими - коалицијата ДУИ-СДСМ. Ковачевски потврди дека наместо премиер е пион и паж во власта на ДУИ и дека дозволува самоволие дури и од најпримитивно ниво само и само да остане на власт!

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите релевантни државни и невладини институции во делот на обезбедувањето и логистиката на Парламентот, како МВР, СОЗР, па и ЈО, Народниот правобранител, но и Хелсиншкиот комитет, синдикатите и другите невладини организации, да отворат случај во име на заштита на достоинството и кредибилитетот на функцијата претседател на Собранието и Собранието воопшто! Молкот од нив ќе значи одобрување и воведување практика недостојна за било која колку- толку демократска држава!

Нема и не постои оправдување за простотилак и примитивен однос кон вработени, не постои оправдување за пцости и навреди, какви што сета јавност во Македонија имаше прилика да го слушне примитивецот од Форино, Талат Џафери! Никој во Македонија не е должен ниту пак е вработен да трпи навреди со сексуални конотации, да биде пцуен и бркан со зборови „сиктер“ и „мрш“ од примитивецот од Форино, само за поданичката СДСМ да остане на власт!

Оставка на Џафери веднаш! Оставка на владата веднаш! Само избори се спас од катастрофата, изјави Стоилковски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.