Комисијата за односи со верските заедници: Ги подржуваме мудрите чекори во црковната дипломатија

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи со особена внимателност ги следи актуелните случувања околу меѓународната активност на нашата Македонска православна црква - Охридска архиепископија и интеракцијата со сестринските помесни православни цркви и ги подржува мудрите чекори во понатамошната црковна дипломатија, објавија од оваа институција.

„Радува тоа што после Одлуката на Вселенската патријаршија со која се призна и прифати во канонско единство нашата древна и славна Охридска архиепископија се отпочна и со евхаристиско општење помеѓу помесните Македонската и Српската православна црква, во кои се воцрквуваат блиските народи македонскиот и српскиот“, е наведено во соопштението.

Според комисијата разрешувањето на македонското црковно прашање е процес во кој, како што велат, верниот македонски народ и црковниот клир со децении се соочуваат со безброј предизвици, препреки, неправди и понесуваат голема жртва, но во светло на конечното препознавање на канонската исправност и автокефалниот статус кој во полнота го живее Македонската православна црква - Охридската архиепископија од православната екумена, патот на македонската црква говори за нејзината смиреност, длабока и древна духовност која повеќе од милениум го чува светото црковно предание, е посочено во напишаното од страна на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.