Единствена Македонија побара од Руската православна црква да ја признае автокефалноста на МПЦ - Охридска архиепископија

Политичката партија Единствена Македонија побарала од Руската православна црква признавање на автокефалноста на Македонската православна црква.

Од партијата на Јанко Бачев велат дека таквиот чекор е од големо значење земајќи ја предвид водечката улога на Руската православна црква меѓу православните цркви.

„Врските меѓу Македонската православна црква - Охридска архиепископија со Русија и Руската црква како стари словенски центри се континуирани во текот на вековите и датираат од времето на македонските просветители Кирил и Методиј. Но, од разноразни причини Руската православна црква досега не ја признаваше Македонската православна црква - Охридска архиепископија иако секогаш беше подготвена да им даде православна помош на браќата во Македонија“, наведе партијата преку допис до медиумите.

Единстевна Македонија искрено се надева и ја очекува радосната вест од Руската православна црква да ја исправи историската неправда кон МПЦ-ОА и безусловно да обајви признавање на автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.