Црвенковски: Недозволиво е да немаме амбасадор во Вашинтон и да ни ги одбиваат предлозите

Апсолутно неодговорно и недозволиво е што Македонија во Вашингтон нема амбасадор цели 4,5 години, а уште полошо е што си дозволи во два наврата да предложи кандидати, кои од страна на САД не беа прифатени.

Ова го истакна поранешниот претседател Бранко Црвенковски критикувајќи ја домашната надворешна политика.

„Постојано од сите институционални нивоа, и од власта и од опозицијата, се повторува дека САД се нашиот најважен стратешки партнер. Се истакнува во чие време бил потпишан договорот за стратешко партнерство или, пак, во чие време ќе се води стратешкиот дијалог за продлабочување на партнерството, а сè со цел во јавноста да се освојат одредени политички поени. И сега видете го следниот апсурд. Македонија во Вашингтон нема свој амбасадор цели 4,5 години. Тоа е апсолутно неодговорно и недозволиво. Но, има и од лошо - полошо. Република Македонија си дозволи во два наврата да предложи кандидати, кои од страна на САД не беа прифатени. Ова е прв таков случај во историјата на независна и суверена македонска држава, и тоа баш во однос на најмоќната, највлијателна држава во светот, во исто време и наш, како што велиме, најважен стратешки партнер. Штетата што со вакви неодговорни постапки му се нанесува на угледот на Република Македонија е огромна“, рече Црвенковски за време на дебатата во организација на Советот на амбасадорите на тема „Предизвиците на македонската надворешна политика“

Црвенковски во обраќањето рече и дека сме сведоци на постојани престрелки меѓу власта и опозицијата кој е одговорен за ваквата состојба, но последиците од овој неодговорен однос нема да ги сноси ниту само власта ниту само опозицијата, туку државата Република Македонија во целина.

Експретседателот се осврна и на Ддговорот со Бугарија коментирајќи дека формулацијата „заедничка историја“ била голема грешка, а спорот може да трае и со години.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.