Автобус со 61 мигрант сопрен кај Демир Капија, возачот избегал

Синоќа, на автопатот А1, на делот Миравци – Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица запреле автобус со штипски регистарски ознаки по што возачот на напуштил автобусот.

При контрола во автобусот биле пронајдени 61 мигрант, од кои 30 од Сирија, 27 од Пакистан и четири од Индија, информираат од МВР.

Мигрантите биле сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ и по целосно документирање и расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.