Муслиманите го слават Курбан-бајрам

Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан-бајрам.

На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон Бога. Како курбан најчесто се принесуваат овни или телиња.

Оние што принеле жртва потоа од месото раздаваат на сиромашните, соседите и на роднините.

Со овој празник се крунисува аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.

Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху во својот честитка, рече дека празникот е резултат на радоста, посветеност кон човештвото, хуманоста, моралот, мирот и достоинството. Сиромаштијата, скудноста, дискриминацијата, убивањето, војната, аморалот се најлошите особини што можат да му се случат на човештвото, додава тој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.