Сончево и топло со температура до 37 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во северозападните и североисточните претежно планински подрачја ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ=8

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.

До сабота ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневните температури. Во недела и понеделник во попладневните часови ќе има развој на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.