(Видео) Мицкоски: Референдумот е одлична можност да се организираат и предвремени парламентарни избори на еден трошок
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 07 Септември 2022
Христијан Мицкоски денеска и официјално ја поднесе иницијативата за референдум во ДИК.
„Нормално доколку референдумот се случи тогаш граѓаните ќе имаат можност да се изјаснат со ЗА, подразбира дека на тој начин престанува да важи овој договор со Република Бугарија, или ПРОТИВ, односно останува да важи овој договор со Република Бугарија”, изјави Мицкоски.
Тој ги повика сите политички партии, да ги повикам граѓаните без разлика на нивната етничка припадност, без разлика на тоа дали поддржуваат една или друга политичка опција или се партиски неопределени, ја користам оваа пригода да ги повикам сите општествени чинители, невладини организации, буквално сите поединци да се обединат на едно општествено семакедонско обединување и да застанат против тоа коешто претставува главен проблем на нашата европска интеграција, а тоа е договорот кој што го има потпишано Република Македонија со Република Бугарија.
Мицкоски истакна дека со иницијативата за Референдум ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од предвремени парламентарни избори, и додаде дека Референдумот би бил одлична можност за на еден трошок да се одржат и предвремени парламентарни избори.
Тој исто така ја повика власта да покаже демократски карактер и да се охрабри да излезе на предвремени парламентарни избори кои би се случиле заедно со референдумот.
„Ја повикувам власта, парламентарното мнозинство да покаже демократски карактер, да се охрабри и да ги потврди своите политики на предвремени парламентарни избори коишто би се случиле заедно со референдумот“, додаде Мицкоски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс