(Видео) Бачев: Досието „Атлантик“ за наше следење и прислушување мора да се расчисти
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 22 Септември 2022
Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, поднесе жалба поради непостапување на директорот на АНБ во законскиот рок во врска со Барањето до Агенцијата за национална безбедност за добивање известување за незаконското следење и прислушување во рамките на досието „Атлантик“.
Бачев појасни дека Единствена Македонија дошла до досието „Атлантик“ од кое се гледа дека Агенцијата за национална безбедност незаконски преземала спрема него три оперативно-технички средства и тоа: тајна контрола на телефон, тајно аудио и визуелно снимање и тајно следење и набљудување.
Овие мерки, као што тврди Бачев, се преземани од 2018 година кога Единствена Македонија го предводеше Националниот Блок „Македонија-Бојкотира“во кој се здружија 84 организации – партијата Единствена Македонија и 83 македонски здруженија од земјата и странство во битката за референдумот на 30 септември 2018 и против промена Уставот и името на државата.
„Пред повеќе од 3 месеци, поточно на 3 јуни до Агенцијата за национална безбедност поднесов барање да ме известат дали против мене биле преземани и сеуште се преземаат мерки за тајно следење и прислушување и да ми се стават на увид документите за собраните податоци. Барањето се заснова на член 51 став 1 од Законот за АНБ каде е пропишано дека секое лице може да побара известување од АНБ дали против него се преземаат мерки за тајно собирање на податоци. Согласно законот, директорот на АНБ е должен во рок од 30 дена да одговори на барањето, но, до денешен ден иако се поминати повеќе од 3 месеци – молк.
Затоа, денес поради т.н. молчење на администрацијата поднесов жалба до АНБ која како првостепен оран треба да ја достави жалбата до надлежниот второстепен управен орган. Второстепениот орган согласно законот одредува рок од 15 дена на АНБ како првостепен орган да постапи по моето барање а во спротивно самиот второстепен орган ќе ја реши работата во рок од 30 дена по приемот на жалбата. Доколку и воторстепениот орган применува т.н. молчење на администарцијата тогаш се отвора патот по 30 дена да започнам судска постапак со поднесување тужба до Управниот суд на Република Македонија.
Жално и срамно е што АНБ не враќа на некои минати времиња кога политичките противници се следени од идеолошки и политички причини, како случајот со мене, бидејќи сме следени само заради искористување на уставно загарантираното право на протест, а познато е во јавноста дека во 2018 година седум месеци улиците беа нашиот дом со секојдневни протести и блокади по улиците на Скопје и други градови во Македонија, протести пред домовите на 8-те одметнати и уценети пратеници, блокади на гранични премини.
Најголем доказ дека сме незаконски следени е фактот што од страна на АНБ нема ниту една пријава против мене и други членови од „Македонија- Бојкотира“ а според документите во досието, ние сме биле заведени како луѓе кои сакаат да го рушат уставниот поредок.
Како и да е, јас сум решен до крај да ја истерам оваа работа не само заради мене, туку, генерално за сите граѓани, бидејќи, не може тајната полиција како резултат на политички уверувања да презема мерки на тајно следење и прислушување“, изјави Бачев.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс