(Видео) Талески: ВМРО-ДПМНЕ удира по џебот на граѓаните во време на најголема светска економска криза

ВМРО тендерска ДПМНЕ удира по џебот на граѓаните во време на најголема светска економска криза, изјави на денешната прес-конференција Миле Талески, пратеник на СДСМ.

„Градоначалникот Борче Јовчевски и советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп ги поскапеа комуналните услуги за дури 67 %, јавниот превоз за 50 % и водата за 23 % во ек на криза. Повеќе од 11 часа советничката група на СДСМ и коалицијата се бореше за интересите на граѓаните, преку амандмани и барања за повлекување на точките го бранеше економскиот стандард на жителите на Прилеп. Но ВМРО-ДПМНЕ со мнозинството во Советот донесе одлука комуналните услуги и јавниот превоз во Прилеп значително да поскапат“, истакна Талески.

 

 

Според него, неспособноста на директорите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои очигледно брцале со рацете во медот, ги доведе јавните претпријатија до колапс.

„Сега, таа неспособност треба да ја плаќаат граѓаните на Прилеп. Никаква промена нема во ВМРО-ДПМНЕ, партијата предводена од Мицкоски не се грижи за граѓаните, туку важни ѝ се само интересите на одредени бизнис-групи“, вели Талески.

Додава дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување за граѓаните.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.