СДСМ: Заради ВМРО-ДПМНЕ државата загуби 100 милиони евра од ЕБОР
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 05 Ноември 2022
„Европската банка за обнова и развој, ги повлече 100те милиони евра заем наменети за поддршка на АД ЕСМ и полесно справување со последиците од енергетската криза“ соопштија од СДСМ.
Од партијата велат дека „повлекувањето доаѓа откако со месеци ВМРО-ДПМНЕ го блокираше законското решение грубо лажејќи дека со него ќе се затвореле енергетските капацитети РЕК Битола и РЕК Осломеј. Заради деструктивноста на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ државата, граѓаните останаа без 100 милиони евра помош во време на криза“.
„Не е првпат државата финансиски да биде оштетена од страна на ВМРО-ДПМНЕ, слично беше и со заемот од Светска банка за време на кризата со коронавирусот, кога тогашаната заменик министерка за финансии Гордана Кочовска Димитриевска не го потпишуваше заемот. Како и многу пати досега, ВМРО-ДПМНЕ не само што не помага, туку во време на криза и одмога на државата. Тоа е срамно, ниско и неодговорно однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и тоа ќе го судат и ценат и граѓаните“ се вели во партиското соопштение.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс