Студентите пак ќе маршираат за подобар студентски стандард
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 17 Ноември 2022
Студентите повторно ги повикаа пратениците од сите партии да ги прифатат амандманите на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет , кои се однесуваат на зголемување на износот на субвенциониран студентски оброк на 160 денари и продолжување на рокот за субвенционирање студентски оброк, а не како што се предлага истиот да биде до март 2023 година.
„ Доста е од тоа 30 години политичките елити да мислат само на себе и да се хранат со октоподи, бифтеци и слично, а да нема пари за Македонскиот студент. Не смее да си дозволиме да штедиме на младите луѓе. Потребно е и итно решавање на другите наши проблеми како што е: износот на стипендиите, мерките за штедење на електрична енергија и условите во студентските домови.
Доста е од приказни за работни групи, планови, одбори и слично, кога студентите гладуваат и смрзнуваат. Се гледаме денес во 17:30 часот пред Влада на студентски марш по повод 17-ти Ноември, Меѓународниот ден на студентите, заедно да се избориме за она што ни следува. Студентскиот стандард мора да се подобри!“ велат од Студентски отпор.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс