Штајнмајер пристигна во Скопје, го пречека вицепремиерот Маричиќ
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 29 Ноември 2022
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, го пречека претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, кој штотуку пристигна на Меѓународниот аеродром Скопје.
„Моја е честа да му посакам срдечно добредојде на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер!
Првата официјална посета на претседателот Штајнмајер, после само четири месеци од почетокот на пристапните преговори е јасен сигнал за позициите на Германија за интеграцијата на регионот во ЕУ и за континуираната поддршка која Северна Македонија ја има за пристапување во Унијата.
Ќе имаме доволно време да отвориме важни теми за регионот, за унапредување на меѓусебната соработка и за предизвиците со кои се соочува цела Европа“, напиша вицепремиерот за европски прашања Маричиќ на својот Фејсбук профил.
Ова е прва официјална посета на Штајнмајер на Република Северна Македонија, во чии рамки ќе оствари средби со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, а ќе има и свое обраќање и во Парламентот.
Штајнмаер после дводневна официјална посета на Република Северна Македонија продолжува во посета на соседна Албанија.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс