Атиџе и Штајнмаер си разменија тегли со мед: „Ако ги сакате пчелите, тие ќе ви возвратат“
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 30 Ноември 2022
Хероината од документарниот филм, Атиџе Муратова му подари од својот мед на германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер.
„Ако ги сакате пчелите, тие ќе ви возвратат”, му ја објасни Атиџе својата врска со пчелите на германскиот претседател, пренесе „Дојче Веле“.
Штајнмајер на Муратова и’ подари мед од негово производство од замокот Берлин.
Германскиот претседател во Старата турска чаршија се сретна со екипата на „Медена земја”.
Претходно, со својот домаќин, претседателот Стево Пендаровски, Штајнмаер во чаршијата пиеше турски чај и се запозна со начинот на изработка на уникатен накит.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс