Во Сахара е отворена најубавата гробница стара 4300 години
- Детали
- Категорија: Останато
- Создадено: 10 Септември 2018
Египет за прв пат ја отвтори 4300 години старата гробница на Сахара за туристи.
Иако е откриена во 1940 година, е отворена сега, по темелната реставрација и се смета за една од најубавите во Сахара. Гробницата припаѓа на Шестата династија, а е стара околу 4.300 години.
Се верува дека во неа е закопан еден висок кралски офицер наречен "Меху". Гробницата во пирамидата, има тесен ходник и шест соби. Исто така тука се и собите во кои се закопани синот на Меху и внукот. На ѕидовите се насликани живописни сцени.
Меху живеел за време на владеењето на кралот Пепи 2332-2287 пр.н.е. и имал 48 титули, а се дознало врз основа на натписите на ѕидовите . Меху, меѓу другото, бил везир, шеф на судии и директор на палата.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс