Шпанец живеел со телото на мртвата мајка за да ја користи пензијата

Уапсен е Шпанецот, кој живееше со телото на неговата мртва мајка една година за да ја користи нејзината пензија.

 

Полицајците го пронашле распаднатото тело на старицата во стан во Мадрид, откако добиле сигнал од соседите за "силен непријатен мирис".

Набргу потоа, полицијата го уапси 62-годишниот син на починатата жена за измама, бидејќи тој не ја пријавил смртта на 92-годишната старица и продолжил да ја добива нејзината пензија.

"Синот не го стори она што требаше да го направи", рече портпаролот, додавајќи дека човекот живеел во живеалиштето со остатоците на неговата мајка "неколку месеци, можеби речиси една година".






Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.