Десерт во чаша- ЧИЗКЕЈК

Ако и вие уживате во слатките задоволства, и сакате да експериментирате со нови вкусови, ова е идеален десерт за вас.

 

 

Потребни состојки:

 

1 ипол чаша мелени бисквити

1 лажица стопен путер

1 ипол чаша шлаг

1 чаша крем сирење

половина чаша шеќер во прав

1 лажица екстракт од ванила

1 ипол чаша сецкани јагоди

1 лажица сок од лимон

1 лажица вода

 

На висока температура варете ги јагодите со лимоновиот сок и малку вода. Една минута варење е доволна, со оглед на тоа дека јагодите многу брзо ќе пуштат сок.

 

Сварените јагоди смелете ги и ставете ги да отстојат во фрижидер 5 минути.

 

Шлагот, крем сирењето, шеќерот во прав и екстрактот од ванила измешајте ги со миксер додека не добиете хомогена смеса.

 

Изблендирајте ги бисквитите и во нив додадете го истопениот путер. Бисквитите со путерот ставете ги на дното на чашата, а потоа со помала чаша притиснете ги бисквитите.

 

Врз нив додајте ја смесата од шлаг и сирење. Оладените јагоди додајте ги на врвот од чашата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.