1.175 долари чинат новите „Луј Витон“ цик-цак патики
- Детали
- Категорија: Останато
- Создадено: 14 Јануари 2019
Парискиот бренд „Луј Витон“ продолжува да ги поместува границите на луксузот, а најново во тој поглед се скромните цик-цак патики.
Гломазните патики повторно се во мода, па француската компанија посака парче и од овој колач.
Цик-цак патиките својата слава ја стекнаа кон крајот на минатиот век и беа инспирирани од скејтерите. Новиот „Луј Витон“ модел има гломазен горен дел и цик-цак детали сместени на средишните и страничните делови.
Цената за еден чифт е 1.175 долари, а овие патики се достапни во сини, бели и портокалови нијанси.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс