Загадените води го загрозуваат Големиот корален гребен

Загадените океански води преставуваат закана за Големиот Корален Гребен, што се наоѓа крај североисточниот брег на Австралија, предупредуваат научниците.

 

Според нив, поради поплавите што минатиот месец ја погодија североисточната австралиска сојузна држава Квинсленд, големи количества кал и загадена вода се слеале во Тихиот Океан, проширувајќи се и до 60 километри од брегот.

 

Научниците предупредуваат дека загадената вода може да го блокира пробивањето на светлината до коралите на Гребенот, што би довело до нивно „задушување“.

 

Тие најавија дека во текот на следните денови ќе спроведат испитувања за да утврдат колкава е опасноста од загрозување на Гребенот.

 

Големиот Корален Гребен, кој се протега на површина од 344.400 квадратни километри, е дел од Светското културно наследство на УНЕСКО.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.