Арапски сендвич со мисиркино месо

Оригиналното име на овој сендвич е „шаварма", многу познат во арапската кујна. Се подготвува со секакви видови на месо (јагнешко, козјо, говедско, пилешко...).

 

Потребно е:


2 л ладна вода
50 г шеќер
75 г сол
1,5 кг мисиркино месо
1 кг кромид, исечени на четвртинки
1 лажиче чубрица
2 лажички сол
2 лажички коријандер
1 лажиче ким
1 лажиче црн бибер
1 лажиче бел бибер
1 лажиче црвен пипер
8 лажички маслиново масло
8 пити леб
хумус
израелска салата (домати, краставички, кромид, магдонос, лимонов сок)

 

Подготовка:


– Во длабок сад ставете ги водата, солта и шеќерот. Мешајте додека да се растопат солта и шеќерот, ставете ги парчињата мисиркино месо и ставете во фрижидер да отстои од 30 до 60 минути. Потоа, извадете ги од течноста и избришете ги со кујнска крпа, убаво за да бидат суви.

 

– Во мал сад измешајте ги сите зачини (чубрица, сол, бибер, коријандер, црвен пипер).

 

– Парчињата кромид ставете ги во сад за печење, попрскајте ги со малку маслиново масло и ставете 1 лажиче од зачините.

 

– Врз нив наредете ги парчињата месо, попрскајте ги со маслиново масло и ставете го остатокот од зачините. Убаво измешајте, покријте со пластична фолија и ставете во фрижидер да отстои 4 часа.

 

– Понатаму, може да одберете дали ќе го подготвите месото на скара или во тавче за печење.

 

– Испечете ги парчињата кромид на скара, околу 2-3 минути од секоја страна, додека да омекнат.

 

– Потоа, ставете ги парчињата месо да се печат на скара од 1 до 3 минути на секоја страна.

 

– Кога ќе бидат испечени, оставете ги 2-3 минути на страна да се одморат, пред да ги исечете. Исечете ги на тенки парчиња.

 

– Секое парче леб наполнете го на следниов начин: намачкајте го лепчето со хумус, ставете неколку парчиња месо, малку кромид и израелска салата.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.