Саманта Фокс си ги продава градниците за 100 евра

 Една од најпопуларните пејачки од 80-тите години на минатиот век, Саманта Фокс, реши да ги продаде облеката и модните додатоци од тоа време, кои вклучуваат дизајнерски фустани, корсети, трикоа и градници.

 

Во описот на секој сувенир што се нуди на продажба стои  дека тој „оди со потпис на Саманта и слика од неа, која ја потврдува автентичноста на артиклот”.

 

Градниците можат да се купат за цена од 100 евра, а пак, бикините што Саманта ги носеше во шоуто „Јас сум познат”, на пример, се веќе продадени за околу 300 евра.

 

Фокс својата кариера ја почна на 16-годишна возраст, прво како модел, а во 1986 година влезе и во светот на музиката. Во 1996 година таа позираше за „Плејбој". 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.