Песната за планетата Земја собра над 25 милиони прегледи за еден ден (видео)

Анимираниот спот за песната „Еаrth" (Земја) на комичарот-рапер Лил Дики, за само еден ден од објавувањето собра над 25 милиони прегледи на Јутјуб.

 

Песната е посветена на одбележувањето на Денот на планетата Земја.  Вкупно 32 светски ѕвезди имаат свој удел во овој видеоспот, меѓу кои и Аријана Гранде, Кање Вест, Ед Ширан, Сију, Џастин Бибер, Снуп Дог, Леонардо ди Каприо и други.

 

– Сè почна како едноставна шега, но се претвори во најважната задача која некогаш сум ја имал, изјави Лил Дики (чие вистинско име е Дејвид Бурд), за списанието „Тајм".

 

Тој исто така откри дека дел од приходите од песната ќе оди за фондацијата на Леонардо ди Каприо, што се занимава со заштита на околината и со кампањи за климатските промени. 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.