All for Joomla All for Webmasters

Фластер против срцев удар ќе биде тестиран на луѓе

Врз група доброволци, наскоро ќе започне тестирање на нов вид природно зацелување на срце, коешто се одвива со помош на матични клетки, по настанат срцев удар, јави Би-Би-Би.

 

Овој принцип на природно лекување вклучува нешто налик на „фластер" кој се „зашива" на оштетениот дел од срцето и се претвора во здрав функционален мускул, а во истовреме ослободува хемикалии кои го обновуваат ткивото.

 

Срцевиот удар настанува кога затнатата артерија го блокира дотокот на крв во срцев мускул, по што прекинува снабдувањето со кислород и хранливи материи. Тоа може да значи и трајно оштетување на срцето.

 

Првичните тестови се покажаа успешни, а испитувањето на луѓето треба да почне наредниве две години, соопштија кардиолозите од Универзитетот Империјал колеџ во Лондон.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.