Иранската „зомби Анџелина Џоли“ уапсена под обвинение за богохулие (ФОТО)

Иранската ѕвезда на Инстаграм, Сахар Табар (22), позната по своите морничави фотографии и видеа, е уапсена под обвинение за богохулие, поттикнување насилство, незаконско збогатување и за промовирање несоодветно однесување кај младите, јавуваат локалните медиуми.

 

Полицијата, наводно, ја уапсила младата жена откако членовите на јавноста, наводно, поднеле поплаки за неа. Нејзиниот профил на Инстаграм е избришан.

 

Сахар стана интернет сензација во 2017 година, кога почна да објавува фотографии од себе во зомби-верзија на Анџелина Џоли. Во печатот се шпекулираше дека Табар се подложила на десетици пластични операции за да изгледа како холивудската ѕвезда.

 

Подоцна, таа признала дека иако се подложила на ринопластика, липосукција и користела полнила за усни, нејзиниот зомби-изглед бил посатигнат со помош на шминка и на фотошоп.

 

Табар откри дека таа никогаш немала за цел да наликува на Џоли и дека нејзините објави на Инстаграм се нејзиниот метод на самоизразување. Таа, исто така објави свои фотографии без шминка.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.