(Видео) Седумнаесетгодишно девојче со синдром на заспаната убавица спие со недели

Седумнаесетгодишно девојче од Колумбија страда од невообичаено нарушување поради кое спие со недели.

 

На Шарик Товар  ѝе дијагностициран Клајн-Левинов синдром, ретка невролошка болест која не е целосно разбрана од научниците, а луѓето кои ја имаат оваа болест спијат подолги периоди и страдаат од губење на меморијата.

 

 

Шарик досега најдолго спиела без прекин 70 дена. Во текот на таа фаза, таа го заборавила лицето на својата мајка, пренесува LiveScience.

 

Такви епизоди на спиење кај Шарик почнале да се појавуваат кога имала само две години. Нејзината мајка ја хранела со течна храна на секои неколку часа додека спиела, за да не дојде до дехидрирање и изгладнување, пренесува колумбискиот Нотичиас Каракол.

 

Поради симптомите, болеста се нарекува синдром на заспаната убавица и се јавува кај еден од пет милиони луѓе.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.